“Престанете да прифаќате мигранти – Европа внесува граѓанска војна во своите граници”
Палестинско-Белгискиот експерт за џихад Монтасер Ал Де’ емех испрати сериозно предупредување во холандскиот весник “De Telegraaf”. Тој порачува дека Европа внесува цивилна војна на своја територија со прифаќањето на мигранти.
Тој верува дека европските политичари се наивни во овој поглед. Тој советува да се спречи приливот на бегалци, наведувајќи дека Западна Европа “внесува граѓанска војна”, додавајќи дека “ние прво треба да знаеме што треба да правиме со луѓето кои се веќе тука”.
Ал Де’ емех не е почетник во оваа работа, тој има интензивни контакти со белгиските и холандски џихадисти и дури престојувал меѓу такви групи во Сирија, со цел да изврши истражување.
Како експерт за Ислам и џихад, тој работел за белгиската тајна служба и објаснува за контактите со џихадистите во неговата нова книга “Dubbel leven” (Двоен живот). Иако вели дека проблемите во Европа се таложат, тој дава и можни решенија.
“Нашите западни општества се во опасност поради сé поголем број отуѓени луѓе”. Како некој што често работи со учениците во Брисел, тој забележува дека “овие деца живеат тука физички, но ментално тие најчесто живеат во средниот век”.
Ал Де’ емех ги советува родителите “да ги подготват своите деца за да живеат во нашето секуларно општество”. Според него, тие сега живеат меѓу два света, и во нивната потрага по идентитет, децата неизбежно доаѓаат во контакт со радикалните исламски идеологии.