Преписка со шефот ка Кавачкиот клан: Секој месец од шверцот со цигари на Мило му носиме по 300.000 евра лично на рака
Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, повторно се најде во центарот на регионалното внимание, откако подгорички Вијести ја објави преписката на заштитената апликација Скај на уапсениот обезбедувач Петар Лазовиќ, во која се споменува Ѓукановиќ. Во овие преписки, обезбедувачот Лазовиќ комуницира со шефот на кавачкиот клан Радоје Звицер, кој е во бегство и наведува дека биле собрани сигурни гласови пред изборите во 2020 година, како и дека Ѓукановиќ добивал 300.000 евра месечно од шверц на цигари.
Ова не е прв пат Ѓукановиќ да се поврзува со криминалните кланови, а сега практично се е во рацете на главниот специјален државен обвинител на Црна гора Владимир Нововиќ.
Во еден дел од преписката што ја објави подгорички „Вијести“, уапсениот полицаец и обезбедувач Петар Лазовиќ му се пофалил на Радој Звицер, шефот на кавчкиот криминален клан дека му зпаленил голеомо количество на цигари, но и лажно преставувајќи се дека му е роднина, и дека зад наводниот шверц со цигари. ја посчил вмешаноста на тогашниот претседател на државата, Мило Ѓукановиќ и неговиот советник Милан Роќен.
Не го спомнувајте магацинот 25. Особено не смееме да спомнуваме дека работиме 30 години и му даваме пари лично на Мило. Секој месец од шверцот со цигари на Мило му носиме по 300.000 евра лично на рака, се вели во пораката.
Лазовиќ не објаснува зошто лажно се претставувал како негов братучед, и зошто на ваков начин се допишувал со уапсените за шверц на цигари.
Пет дена пред изборите во август 2020 година, шефот на кавачкиот клан испраќа список со безбедни гласачи во и надвор од затворот на Лазовиќ и на полицаецот Љубо Миловиќ во бегство. Миловиќ предлага сите да направат списоци и сите тие да му бидат доставени на „Ломи“. Ломи на шатровачки јазик значи – Мило.
По објавувањето на преписката на Скај, се огласи Мило Ѓукановиќ, кој оцени дека сето ова преставува спин чија крајна цел е конечната пресметка со него и со неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС).
Тој во својата објава на Твитер ги повика надлежните државни органи да ги преземат сите истражни дејствија и да ја утврдат вистината.
– Му стојам на располагање на обвинителството за да го разоткривам овој спин како и многу други кои излегоа за време на мојата долга политичка кариера, напиша Ѓукановиќ на Твитер.