Избор на уредникотМакедонија

Повторно се тепаат деца во Македонија, никој ништо не превзема

Вчера навечер околу 21 часот во СВР Тетово, Д.К.(33) од Тетово пријавила дека околу 19.40 часот нејзината малолетна ќерка, додека била со три другарки во двор на училиште во Тетово, била физичка нападната од две лица, кои ги познавала, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Л.Н.(32) од Гостивар вчера вечерта пријавил во полиција дека околу 19 часот, во гостиварската населба Малеарди, неговиот малолетен син, заедно со уште неколку други малолетници, физички биле нападнати од тројца малолетници, кои во нападот користеле и тврди предмети.

-Набрзо, тројцата напаѓачи на возраст од 15 и 16 години, сите од гостиварски Добридол, се идентификувани, лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Поврзани вести

Back to top button