Повторно крв на скопските улици – Двајца мртви при вооружен напад
Истрели од огнено оружје повторно ги вознемирија скопјани, а улиците на главниот град повторно се натопени со крв, пишува Курир.мк.
Неофицијално, убиени се две лица при напад на менувачница во скопската населба Кисела Вода. Менувачницата се наоѓа на бул „Борис Трајковски“ спроти споменикот на Тодор Александров.
Од МВР за Курир само кусо потврдија дека случен е инцидент во менувачница во Кисела Вода и полициски екипи се на терен каде увидот е во тек, а со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.
Од тоа што го дознаваме на терен, среде бел ден двајца напаѓачи се обиделе да извршат разбојништво во менувачницата. Лицето во менувачницата одговорило и двајцата напаѓачи најверојатно се починати.
Безбедноста во главниот град последниве месеци е драматично нарушена и скоро секојдневно се бројат жртви по улиците.
Извор: kurir.mk