ФОТО: Таа е најубавата жена постара од 50 години

Објавено: понеделник, 27 ноември 2017 во 14:48
Spread the love

Германската писателка Мануела Тома Адофо го освои првото место на изборот на убавица Мис 50 плус Германија, кое се одржа вчера во замокот Олденбург.

Изборот за најубава Германка над 50 години се одржува од 2012 година. Тома Адобо, која е писателка на крими романи и живее во Минхен, е ќерка на Германка и доктор од Гана, а воедно работи и како медиумски консултант.

Изборот го направи жири составено од 12 членови, вклучително и принцот Едуард од Анхалт и Сораја Колман, мис Германија за 2017 година.