Поволност за граѓаните кои имаат заостанат или редовен долг за вода
Сите граѓани кои имаат заостанат или редовен долг за вода, сега ќе може да го исплатат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Ова е одлука која вчера ја донесе Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, за ослободување од камата на сите корисници.
Можноста да се плати овој долг е во времетраење од 90 дена. Физички лица може да го исплатат долгот на 4, 6 или 12 рати, во зависност од висината на долгот.
-Доколку должите од 10 до 30 илјади денари, можете да го платите долгот без камата на максимум четири рати, доколку должите од 50 до 70 илјади денари можете да го платите долгот на рати без камата на максимум осум рати. Освен за физичките лица, се обезбедува и плаќање на заостанат долг без камата за правни лица, а овде не спаѓаат државните институции и единиците на локалната самоуправа. Сите останата приватни стопанцтвеници можат да го исплатат долгот на 2,3,4 и 6 рати без камата и зависно од долгот од 50, 100, 150 или 200 илјади денари, рече директорот на ЈП водовод и канализација Александар Атанасов.
Лица од социјално ранливите категории, приматели на постојана парична помош и самохраните родители кои имаат заостанат долг, ќе можат да го отплатат на повеќе рати од предвиденото.