Свет

Потресна исповед на деца заробени од џихадистите: Кога одбив да тренирам ми ги скршија нозете

Децата кои успеале да побегнат од „канџите“ на Исламската држава, односно од кампот за обука на бомбаши самоубијци, открија потресни детали од животот со џихадистите.

decaaa

Едно 12-годишно момче се сретна со својата мајка во бегалскиот камп во Курдистан, откако успеало да побегне од рацете на џихадистите, па одлучило да раскаже што се случува таму.

„Вевме околу 60. Најстрашно беше кога започнаа воздушните напади. Сите не одведоа во подземните тунели за да не сокријат. Ни рекоа дека неверниците од САД се обидуваат да не убијат. Ни рекоа дека и нашите родители се неверници, па наша задача е да ги убиеме“, раскажа момчето.

Судбината на ова момче е иста како и на сите деца кои се заробени од страна на ИД. Кажуваат дека џихадистите секојднвно им зборувале дека тие се нивното семејство. Плачењето им било строго забрането, а најмладиот заробеник имал смао пет години.

„Се криев и плачев бидејќи ми недостигаше мајка ми. Кога успеав да побегнам и повторно да ја видам, се почувствував како повторно да се родив“, раскажува несреќното момче.

Ноури е уште едно дете кое било киднапирано од џихадистите и одведено во камп на ИД во северн Ирак. Кога одбило да им се придружи им ги скршиле двете нозе. Бидејќи не можело да оди, џихадистите го сметале за бескорисно и го испратиле дома. Неговиот брат Саман исто така е вратен дома, откако го претепаа џихадисте.

Поврзани вести

Back to top button