Живот

Моника Белучи: „Мајчинството е најважната работа во светот!“

Актерката е секогаш во центарот на медиумското внимание, без разлика дали се работи за некој нов филмски проект, појавување на некој настан или едноставно шетање по улица.

monika

Неодамна во едно интервју, Моника Белучи со одговорите докажа дека не е само убава, туку и интелигентна. Таа и нејзиниот поранешен сопруг Винсент Касел никогаш не дозволувале децата да водат грижа за новите работни ангажмани.

Актерката сепак била воодушевена од изјавата на нејзината постара ќерка Дева, која и кажала дека кога ќе порасне сака да биде како неа, односно да биде само мајка –„Мајчинството е најважната работа во светот. Се обидувам што е можно поголем дел од времето да поминувам со децата и ги носам секаде со себе“.

Исто така, Белучи признала дека не би сакала нејзините ќерки да бидат актерки, но дека ако тоа е нивната страст во животот, таа целосно ќе ги поддржи во остварување на целта.

Поврзани вести

Back to top button