Свет

Поради оваа слика тврдеше дека Путин е педофил, па беше убиен (ФОТО)

Рускиот претседател Владимир Путин во 2006 година, за време на манифестацијата на Црвениот плоштад во Москва го бакна во стомак, тогаш петгодишното момче Никита Конкин.

putin

Токму тој момент го искористи Александар Литвиненко за да еден од најмоќните светски лидери го обвини дека е педофил, после што, како што некои тврдат, Путин го наредил и неговото убиство, пишува Блиц.

Десет години подоцна, а неколку дена откако Велика Бритнаија го објави извештајот во кој Путин се обвинува за ликвидација на рускиот шпион Литвиненко, момчето кое Путин го бакна проговори за тоа искуство.

Никита навел дека бакнежот на Путин ни малку не го заскокоткал и дека му годел. Момчето за „Мејлонлајн“ раскажал дека рускиот претседател го повикал и дека тој му пришол, после што Путин го прашал како се вика, а потоа му ја кренал маицата и го бакнал во стомакот.
-Тоа беше се. Бев многу изненаден – рекол Никита.

Поврзани вести

Back to top button