Македонија

Поплавените и денеска можат да се пријават за исплата на авансот

Граѓаните од поплавените подрачјаи и денеска може да ги пријават во Министерството за финансии деловните банки во кои сакаат да им биде исплатен авансот. Тоа може да го сторат од 8:30 до 19 часот на телефонските броеви 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743, 02/3255-742, како и со испраќање смс порака со име и презиме и име на банка до надлежните во Министерството за финансии на 070 271 410.

Од Министерството за финансии посочуваат дека сите лица кои беа евидентирани од Комисијата за проценка на штетите во подрачјата зафатени од поплавите во Скопскиот и Тетовскиот регион дека ќе бидат опфатени со авансната исплата на средства согласно динамиката со која што податоците стигнуваат во Министерството за финансии.

Пријавувањето започна во саботата и во изминатите два дена голем број лица ги имаат доставено податоците за банките,а се прибираат исклучиво за лицата кои се наоѓаат на списокот што е доставен од страна на Комисијата за проценка на штета.

Податоците и телефонски број за контакт, граѓаните можат да ги достават и на следната е-пошта: [email protected].

Поврзани вести

Back to top button