Свет

Полициска бруталност во САД

На интернет се појави аматерска видео снимка на која се види како двајца американски полицајци претепуваат тинејџерка и користат електрошок додека ја апсат.

Снимката предизвка без во јавноста поради бруталното однесување на полицајците кон амфроамериканката Џенел Лерд во трговски центар минатата седмица.

Полицијата интервенирала откако 18-годишната девојка наводно им се заканувала на вработените во трговскиот центар. Полицајците ја соборија тинејџерката на земја, ја удираа, а потоа ја онеспособија со електрошок.

Од полицијата соопштиле дека девојката пружила отпор при апсењето и дека имала нож во својата чанта. Според полицијата, девојката ги удирала, гребела и ги плукала полицајците кои најпрвин се обиделе да ја смират ситуацијата. Во соопштението е наведено дека 18-гпдишната Џенел Лерд била пренесена во окружниот затвор каде што поминала три дена.

Меѓутоа, на снимката може да се види како полицајците ја тепаат тинејџерката и според многумина, полицијата дефинитивно употребува прекумерна сила при нејзиното апсење.

Поврзани вести

Back to top button