Македонија

Полицијата со фоторобот за убиецотсо нови детали за убиството на Бојку

МВР излезе со детали за убиството на Дилавер Бојку Леку, кое се случи вчера среде бел ден во 16 часот и 30 минути во Струга,  кога во ресторанот “Аква Блу“ лоциран на улицата “Партизанска“, тој седел на една од масите на терасата.

На Д.Б. му се приближило непознато машко лице и од пиштол испукало еден проектил кон него нанесувајќи му огнострелна рана во пределот на главата, по што избегало. По сторителот се упатиле две лица, но и кон нив тој испукал неколку проектили по што побегнал.

Повредениот веднаш бил пренесен на хируршкото одделение при општата болница во Струга но по неуспешниот обид за реанимација била констатирана смрт. Увид на место на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Струга, од лице место се подигнати материјали за вештачење, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Веќе е направен опис на сторителот и активно се пребаруваат локации, но се уште нема трага за осомничениот.

Министерството за внатрешни работи трага по машко лице на возраст од околу 30 години, слабо развиен, а висок до 170 сантиметри. Како што дознава телевизија 24, за време на вчерашното пукање, напаѓачот на Бојку бил облечен во темна маица со кратки ракави, темни кратки пантолони и темни летни сандали на нозете. На главата носел бела летна капа и темни очила за сонце.

Напаѓачот се упатил во непознат правец, а полицијата трага на локации на кои би можел да се наоѓа. Во текот на денот, следат повеќе детали за убиството на струшкиот таканаречен „бос на проституцијата“.

Поврзани вести

Back to top button