Uncategorized

Полицајците во Индија ги забавуваат, но и брутално ги тепаат граѓаните (ВИДЕО)

Откако Индија прогласи национален карантин пред осум дена, индиските полицајци во исто време покажаа дека можат да бидат многу духовити и смешни, но и многу сурови за прекршителите, при спроведувањето на мерките за изолација.

Некои од нив, во шарени коронавирусни шлемови, танцуваат на улиците со маски и ги предупредуваат луѓето за опасноста од зараза и потребта од изолација, а во друг момент тие ги фаќаат прекршителите и ги тепаат со долги, дрвени стапови.

Улиците на градовите во земјата со население од 1,3 милијарди се празни од 23 март, кога владата издаде декрет за изолација за спречување на ширењето на „Ковид-19“.

Низ целата земја, полицијата ја следи усогласеноста на наредбата, а методите се дијаметрално спротивни, во зависност од државата .

На југот во државата Бангалор, полицијата се маскира и се претворија во актери за да ги спречи луѓето да ги напуштат своите домови.

Двајца полицајци кои носат зелени и црвени корона-шлемови танцуваат пред возачите што ги застанувале, додека други двајца полицајци удираат во гонг и свират со свирче за да најават „напад со вируси“.

„Претставата може да ги забавува жителите на градот, но нејзината цел е да ги натера луѓето да бидат свесни за фактот дека се шири овој вирус“, рече полицискиот инспектор Вијај Хадагил.

Слични методи може да се видат во Ченаи, исто така, на југот на земјата. Во другите градови, полицијата во сиромашните предградија дистрибуира маски и нараквици, како и храна за работниците мигранти кои се присилени да се возат од своите градови во нивните села, поради прекин на јавниот превоз.

Но, индиската полиција не е секогаш толку хумана и забавна како што може да се види на снимките кои кружат на социјалните мрежи. Полицијата е снимена на моторцикли бркајќи по прекршителите на мерките и ги тепала со дрвени стапови, а не биле поштедени ниту трговци со зеленчук кои доаѓале во градските области.

Иако има малку случаи на полициско насилство, надлежните се срамат, објаснувајќи дека тие се методи што се користеле пред 30 до 40 години и повеќе не се применуваат од полицијата.

Но, како што објасни Пракаш Синг, поранешниот началник на полицијата во државата Утар Прадеш, „луѓето сакаат да го кршат законот кога тоа им одговара“.

Поврзани вести

Back to top button