Се нареди во првиот ред, подготвена за трката , иако таа не беше од натпреварувачки карактер. Но по пат се изгуби во метежот, па застана на само 300 метри од стартот, пренесува Тв21.
Полицијата веднаш го забележа девојчето кое беше дел од трката „Вози право, вози здраво“, и ги извести своите колеги кај Градскиот парк. Тие пак го пронајдоа загрижениот татко, и му кажаа дека девојчето го чека на улицата “Даме Груев“. По 15-тин минути таткото стигна со трчање.
Срдечно им се заблагодари на полицајците и им рече дека им верува. Сакаше дури и да ги почести во знак на благодарност, но тие одбија, додавајќи дека само си ја вршат работата.
И вчера медиумите и социјалните мрежи имаа полицаец-херој на денот.
Овој сообраќаен полицаец му помогна на детото да ја помине улицата односно да го премине пешачкиот премин. Фотографијата доби 2.500 лајкови во групата и привлече многу позитивни коментари. Браво за овој гест!