Македонија
Полицаецот во Куманово не починал на самото место
Екипите на Итната медицинска помош од Куманово во текот на ноќта ги демантираа информациите објавени на дел од порталите дека полицискиот службеник од СВР Куманово кој вчера бил нападнат во ромската населба Средорек, починал на самото место пред да пристигнат лекарите, објави локалниот портал Кумановски муабети.

Инаку, вчера вечер пред 23 часот, полицискиот службеник на околу триесетгодишна возраст бил нападнат при интервенција на повик за семејно насилство.Повеќе детали од Министерството за внатрешни работи се очекуваат во текот на денешниот ден.