ЖивотИзбор на уредникот

Погледнете како изгледаат белите дробови на заболен од коронавирус

Докторите од Универзитетската болница Џорџ Вашингтон ја подигнуваат свеста за опасноста од коронавирусот, објавувајќи CT снимка од белите дробови на заразен пациент од коронавирус.

Коронавируси е група на вируси кои предизвикуваат болести кај цицачите и птиците.Кај луѓето, вирусите предизвикуваат дишни инфекции кои типично се лесни, вклучувајќи обична настинка, но поретко и SARS, MERS и новиот коронавирус (кој предизвикал глобална пандемија) коишто може да бидат смртоносни. Кај крави и свињи може да предизвикаат дијареа, додека кај живината може да предизвикаат горнодишна болест. Не постојат вакцини или антивирусни лекови кои се одобрени за превенција или третман.Коронавирусите се вируси од потсемејството Orthocoronavirinae, семејство Coronaviridae и род Nidovirales!

Тие се создадени во еден синџир, со позитивно насочен РНК геном и спирално симетричен нуклеокапсид. Големината на геномот е измеѓу 26 и 32 килобази – најголема кај некој РНК вирус. Коронавирусите биле откриени во 1960-тите години.

Името „коронавирус“ доаѓа од латинскиот збор corona, што значи „круна“, и што се однесува на карактеристичниот изглед на честичките на вирусот.

Еволуција

Најблизок древен заеднички претходник (НДЗП) на сите коронавируси се наоѓа 8000 години п.н.е. НДЗП линијата Алфакоронавирус се наоѓа 2400 п.н.е, Бетакоронавирусната линија на 3300 п.н.е, Гамакоронавирусната линија на 2800 п.н.е, и Делтакоронавирусната линија на околу 3000 п.н.е.Коронавирусот од лилјаците и SARS-CoV се разминале во 1986 година.

Бројот на починати од ковид19 денеска во Европа надмина 400 000 луѓе.

Најголемиот број се во Британија, вкупно 57000, потоа следува Италија со 53 000, па Франција со 51 000 и Шпанија со 45000 починати.

Во светот, пак, до денеска се регистрирани повеќе од 62 милиони заразени со ковид19, а починаа 1 450 000. Активни случаи се околу 17,8 милиони.

 

 

Поврзани вести

Back to top button