Свет

Подморница со три тони кокаин е запленета кај островите Галапагос

Воената морнарица на Еквадор заплени подморница, која пренесувала три тони кокаин во близина на островите Галапагос, изјави еквадорскиот министер за внатрешни работи Хосе Серано.

кокаин заплена

Тројца членови на екипажот биле уапсени, откако подморницата се соочила со технички проблеми во близина на морската граница со Колумбија.

Агенти за борба против наркотици од Еквадор и Колумбија го следеле пловниот сад, кој е опишан како рачно изработена полуподморница.

Колумбиската воена морнарица соопшти дека локалните власти добиле и воздушна поддршка од САД, бидејќи се претпоставува дека пратката била наменета за американскиот пазар.

Поврзани вести

Back to top button