Почна судењето на осум принцези од Абу Даби

Објавено: петок, 12 мај 2017 во 08:51
Spread the love

Во Бегија почна судски процес против осум жени од кралскиот двор на Абу Даби кои 20 домашни помошници ги третирале како робови.

Принцезата Хамда Алнехајан, вдовица на шеикот од Абу Даби и нејзините седум ќерки се обвинети за „нехуман и понишувачки“ однос кон домашните помошници, конфискација на пасошите и не им плаќале.

Белгискиот полиција по добиена пријава во 2008 година влегла во луксузен хтел, каде принцезите имале цел кат на располагање цела година. Домашните помошнички 24 часа им биле на располагање и никогаш не ја напуштале зградата.

Се претпоставува дека слугите по потекло од Филипини, Мароко, Индија, Египет, Турција, Ирак и Сирија биле држани осум месеци.