Избор на уредникотМакедонија

Почина шестгодишно девојче во болницата во Битола, Роднините се сомневаат дека детето не било соодветно третирано

Голема трагедија ја потресе Битола, откако шестгодишно девојче, од битолското село Кравари вчера починало на Детското одделение во битолската клиничка болница, пренесе „Независен.мк“. Роднините се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.

Според блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало.

Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.

Директорот на болницата, Александар Обедниковски потврдил дека има починато дете, но мора да се изврши обдукција за да се утврди причината за смртта.

ПОВЕЌЕ ВО Независен.мк

Поврзани вести

Back to top button