Платата на вработените во МВР за месец април ќе биде зголемена за пет проценти, се вели во соопштението од МВР, потпишано од дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков.
Владата на Република Македонија продолжува со усогласување на платите во МВР со оние од останатите служби кои вршат слична дејност.