Пластичните шишиња не смеете повторно да ги полните со вода, тие се за еднократна употреба
Кога ќе ја испиете водата од пластичното шише, повторно во него сипате вода?
Не би требало, бидејќи повеќето од пластичнити шишиња се наменети за еднократна употреба. Ако имате намера да носите шише со вода со себе, нека биде стаклено.
Повеќето пластични шишиња ја имаат ознаката ПЕТ и бројот 1, а водата во нив кај дополнителното полнење е подложена на штетни хемикалии под дејство на температурата, кислородот и бактериите. Затоа, не е лошо на дното на секоја амбалажа да се побара триаголникот со бројот во средината кој зборува колку амбалажата е штетна.
Бројните примеси на амбалажите од полимери е важен материјал за иднината, се согласуваат стручњаците, а она што може да биде спорно за здравјето се различните додатоци, хемиските деривати – стабилизатори (кои осигуруваат издржливост), омекнувачите (обезбедуваат свиткување), боите, анистатиците и другите додатоци кои ги штитат полимерите од влијанието на топлината, го апсорбираат УВ-зрачењето, имаат антимикробна и антистатична функција, а можат да содржат одредени тешки метали кои можат да претставуваат закана за здравјето ако мигрираат од системот, бидејќи повеќето се отрови.
Проблематична група се и остатоците од полимеризацијата – мономери и олигомери кои можат да бидат отровни, а може да дојде до нивна интеракција и создавање нови непознати хемиски споеви кои можат да му наштетат на здравјето. Но, повеќето, сепак, се под контрола на надлежните институции и не ја надминуваат границата која би била опасна за здравјето.