Живот

Писателката Бјелица со трогателна новогодишна порака – Дури и да ја дочекаме во солзи, мора да веруваме дека има надеж

Популарната српска писателка Исидора Бјелица, чии што романи се едни од најчитаните на Балканот, ја трогна јавноста со својата Новогодишна порака која што денес ја објави на Инстаграм. Имено, Бјелица која што веќе неколку години се бори со малиген тумор и дел од своето лекување го мина на приватна клиника во Скопје, а беше гостинка и на Саемот на книгата во Скопје, со потресна порака им соопшти на своите фанови дека ја слави Новата година, иако не знае дали ќе ја дочека наредната, поради враќањето на болеста.

,,Во светот на идилични празнични слики кои што ни се нудат, можеби како и јас, припаѓате во категорија на луѓе кои што се сосема далеку од идилата. Можеби сте уморни од се, можеби сте тажни, можеби предадени, сами, болни, можеби сте ја изгубиле личноста која што сте ја сакале. Можеби како и мене, ја дочекувате Новата година, знаејќи дека е извесно да не ја дочекате следната. Да, во идиличните светла на Новогодишните празници постоиме и ние во некоја или можеби во сите овие категории, и нека ни е среќна Новата година. Дури и да ја дочекаме во солзи, мора да веруваме дека има надеж и смисол. Да заиграме, па макар и сами со преостанатата палава радост во себе’’ – напишала пистелката.

Поврзани вести

Back to top button