Најсреќен од сите беше Петар Рупески од Варош, кој оваа година по трет пат беше оној најсреќниот во чии раце заврши светиот крст.
Ладното време и ниската температура на водата не ги поколеба верниците. Над 500 лица одлучија да се искапат во осветената вода и се обидат да го фатат светиот крст.
Чествувањата утрово започнаа со света архиерејска василева литургија во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, како и во сите парохиски цркви во Охрид.
За присутните на охридското пристаниште и годинава традиционално се делеше топла ракија и вино.