Живот

Пеколот допрва доаѓа: Температурите до 77°C ќе создадат уште поголеми проблеми

Во Обединетите Арапски Емирати и Ирак ова лето се забележани рекордни топлински индекси.Рекордно високите температури кои ова лето погодија многу држави би можеле да се само најава за пеколот кој што допрва доаѓа, повторно предупредија експертите за климатски промени чии што најави звучат застрашувачки.

Имено, како што велат експертите, доколку продолжат ваквите трендови на високи температури, во следните неколку децении во некои држави од светот ќе има голем недостаток од вода за пиење, а температурите ќе бидат толку екстремно високи, така што луѓето во тие подрачја буквално нема да можат да живеат, пренесува “The Washington Post”.

На пример, во Обединетите Арапски Емирати и Ирак ова лето се забележани рекордни топлински индекси (големина која е измерена врз темел на температурата на воздухот и неговата релативна влажност), додека и во околните држави се забележани досега невидени температури откако постои мерењето.

Во Џеди (Саудиска Арабија) се измерени 52 степени Целзиусови, во Басри (Ирак) 54°C исто колку и во кувајтски Митрибах. Овие мерења ги потврди и Светската метеоролошка организација со што и официјално се соборени рекордите во источната хемисфера.

„Доколку продолжат температурите да растат, ќе следуваат поголеми конфликти и бегалски кризи во однос на оние на кои што сведоци сме денес“, предупреди Адел Абделатиф, советник во Обединетите нации кој ги проучува ефектите на климатските промени во арапските земји.

Да потсетиме, не така одамна во магазинот “Nature Climate Change” пишуваше дека Персискиот залив би можел до крајот на ова столетие да остане целосно пуст затоа што компјутерски симулации откриле дека дневните температури ќе се искачуваат до неверојатни 77°C.

Поврзани вести

Back to top button