ЖивотСветТоп

Пеколни сцени по улиците, нова опасна дрога се шири, луѓето ги претвора во зомби (ВИДЕО)

Властите во Лос Анџелес и Сан Франциско се борат со сè поголем број на случаи на предозирање и се обидуваат да со сопрат ширењето на дрогата која буквално „го јаде човековото месо“. Тешка борба со уличната дрога со име „Tранк“ се води во бројни големи американски градови. Луѓето ги претвора во зомбија, а снимени се како стојат вкочанети на улици, немоќно лежат предозирани, а на кожата имаат рани.

„Транк“ е мешавина од опијатот фентанил и средство за смирување на крави и коњи – ксилазин, кој е легален со ветеринарски рецепт. Дилерите на оваа „зомби дрога“ често ја мешаат и со кокаин и хероин, но најчесто сепак се користи за намалување на дозата фентанил, смртоносно моќен синтетички опијат, пишува „Дејли Мејли“. Тоа го прават за да ги намалат трошоците и да ја зголемат побарувачката, а корисниците на дрога рекле дека новиот коктел ја зголемува нивната зависност, па почесто го консумираат.

Властите во Лос Анџелес и Сан Франциско се борат со сè поголем број на случаи на предозирање и се обидуваат да го сопрат ширењето на дрогата која буквално го нагризува човековото месо.

„Транк“ е дрога која се пуши, шмрка или вбризгува и предизвикува страшни рани кои се појавуваат насекаде по телото. Често станува збор за длабоки рани кои бавно зараснуваат и во многу случаи водат до ампутација.

Над наркоманската криза здравствените служби губат контрола, а предупредиле дека брзо се шири на други делови од земјата. Медицинските сестри опишале дека раните предизвикани од ксилазин изгледаат како нешто да ви го јаде телото од внатре кон надвор.

Кога ксилазинот се комбинира со опијати како фентанил, се засилува опасната по живот „респираторна депресија“ (забавување или сопирање на дишењето), а се зголемува ризикот од предозирање и смрт. Налоксон, лек кој се користи за лекување од предозирање со опијати, нема никаков ефект на предозирање со ксилазин.

Фентанилот предизвикува моментална зависност кај луѓето, а одговорен е за околу 300 смртни случаи дневно, предупредува американска „ДЕА“. За повеќето луѓе кобни се само 2 милиграма од таа дрога. Иако на американскиот пазар доаѓа од земјите од Јужна Америка, супстанциите за негова изработка доаѓаат од азискиот пазар.

– Станува збор за досега најопасна и најбрзо растечка синтетичка дрога која е дури 50 пати појака од хероинот и може да предизвика моментална зависност, предупредува Ен Милграм, директорка на американската полициско-разузнавачка агенција за сузбивање на дрога ДЕА.

Фентанил и натаму во САД се користи како лек против болки и го сметаат за подобар од морфиум. Лекарите го користат кај пациенти по операции и го препишуваат на оние со хронични болки кај кои не помага ништо друго. Во аптеките го издаваат исклучиво со лекарски рецепт, но проблемот настанал поради големото илегално производство и продажба.

Поврзани вести

Back to top button