Избор на уредникотМакедонија

Пејачката Ребека организира терапија со музика за болните деца: Син ми Маркијан прозборе со песна

Копнеев Маркијан да ми каже мамо. Еден ден ми се јави еден доктор по квантна медицина, и ми предложи да влеземе во една руска студија за нова метода на лекување со звук и со музика. Јас постојано му пеев и му пуштав музика. Почнав да му се обраќам со пеење и со обични предлози од типот: „Ајде да одиме надвор“, или: „Сега ќе јадеме“ ги отпејував. Пред да наполни четири години бевме и во манастирот Свети Василије Острошки во Црна Гора. На враќање во автомобил, за прв пат кажа ДА. Потврдно одговори на прашање и рече мама, раскажува Ребека за „Женски магазин“.

Децата од здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, чиј претседател е поп-пејачката Ребека Јанковска-Ристески од вчера почнаа со музикотерапија. Музичката вежбалница на музичкото училиште „Пијанофорте“ ќе организира терапија со музички сесии еднаш во неделата, во две групи, во кои ќе бидат од три до пет деца. Ребека ни раскажа дека борбата со болеста на нејзиниот син Маркијан, туберна склероза, кој прозборел токму со музика, и е инспирација за овој чекор.

 „Долго време размислував, од основањето на „Дајте ни крилја“ со мојата Јасна, потпретседател на здружението и претседател на Ресурсен центар на родители, разговаравме за музикотерапија. Сакавме да направиме обид и да започнеме со оваа активност. И некако се имавме поважни обврски и активности. Борба за лекови, пливање, донации, реновирања, настани, семинари, конференции, едукации. И еве, со нашите пријатели од „Пијано Форте“ конечно се договоривме. Со децата ќе работи др. Тереза Крцоска, музичар и педагог, која има посетувано предавања и курсеви за работа со чувствителната група на граѓани и предавала музика и танц на деца и возрасни со аутистичен спектар, дислексија, церебрална парализа и Даунов синдром“, ни изјави Ребека. Според неа, музиката е мелем кој лекува и на многу деца им помогнала во поттикнување на говорот. Меѓу нив е и нејзиниот син, Маркијан.

Повеќе на „Женски магазин“.

Поврзани вести

Back to top button