Пејачка била касната од кобра, пеела уште 45 минути и умрела (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Објавено: четврток, 7 април 2016 во 12:09
Spread the love

Индонезиската поп ѕвезда Ирма Бул почина по настапот во Караванга откако на сред концерт ја гризна змија.

Кобрата била планиран дел од сценографијата на концертот, но дваесетидеветгодишната пејачка случајно стапнала на неа, па оваа ја гризнала за бутот.

Пејачката доби помош од лекар и продолжи со концертот уште 45 минути пред да почне да повраќа.

Концертот тогаш беше прекинат, но додека пејачката стигнала во болница беше прекасно.

Ирма претходно на својот концерт користела опасни змии како бои и питони. Сепак кобрата е змија чиј отров може да убие и слон, а голема е грешката што пејачката во истиот момент не е упатена во болница, туку наместо тоа останала на бината уште 45 минути.