Избор на уредникотМакедонијаТоп

Педофили, дрога, алкохол циркулираат низ Дебар Маало, родителите се загрижени и бараат поголемо полициско присуство

Во средата вечер полициски службеници од ПС Центар го лишија од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син, пишува СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

МВР соопшти дека за случајот е известен јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Но тука не завршуваат проблемите во центарот на Скопје односно во популарното Дебар Маало кое е собиралиште и главно место за излегување на малолетниците од целиот град.

Родителите на децата од основното училиште „Коле Неделковски“ по инцидентот со педофилот се сериозно загрижени за безбедноста на своите деца, па заедно со наставниците го алармираа и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски за сите проблеми со кои се соочуваат децата од овој дел на Центар.

ПОВЕЌЕ ВО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Поврзани вести

Back to top button