Избор на уредникотМакедонија

Печалбар доби сметка од 14 илјади денари, вртоглави сметки за струја за куќа во која никој не живее

ва што го гледате е сметка на печалбар од Кичево, кој со своето семејство живее во Швајцарија. Но, за период 8 септември-7 октомври добил сметка за струја од 9.271 денар. Вели дека во тоа време не бил во својот дом во Кичево, а бројките од потрошените киловат часови на сметката, не се совпаѓаат со бројките на броилото кој ги фотографирал лицето кое се грижи за неговата куќа, пренесува Телевизија 21.

Освен за последниот месец, ова семејство и за период 5 август-7 септември платило сметка од 4.843 денари, иако и тогаш никој не живеел таму.

„Јас сум Фатлинд Далипи и заедно со семејството живеам во Швајцарија. Во Кичево имаме куќа и редовно ги плаќаме сметките за струја, но последните два месеца – август и септември добивме вртоглави сметки иако не бевме таму. За август сметката е 5 илјади, а за септември 9.300 денари, а ние овие месеци не бевме дома. Отворено нѐ крадат. Да плаќаш струја 160 евра без да ја користиш, ова е криминал. Барам од надлежните органи да преземат мерки“, вели Фатлинд Далипи.

Стапивме во контакт и со ЕВН. Од таму велат дека се случува броилата да не се прочитаат од разни причини. На пример кога потрошувачот не е дома, екипите се спречени да ги прочитаат или пак немаат пристап до броилата, или на пример поради лошото време, отсуство поради боледување на инкасаторите или изолација поради коронавирус.

„Доколку се случи да не е прочитано броилото, за што се фактурира претпоставена вредност како просек од потрошувачката во последните 12 месеци, корисникот може да пријави состојби преку веб страната evnonline.mk, преку маил, телефонски и во приемните канцеларии на Корисничките енерго центри на Електродистрибуција при што нашите служби ќе ги направат соодветните корекции. Претпоставената фактура не значи по автоматизам повисока фактура за електрична енергија. Истата може да содржи и пониски претпоставени вредности на потрошувачка од реалната во тој месец“, велат од ЕВН.

За случајов, ТВ21 дознава дека сметката е коригирана, односно поништени се сметките со вртоглави суми, но сепак, вреди да се спомне дека чести се случаите кога граѓаните добиваат високи сметки за струја, иако, како што велат, не ја потрошиле.

Видео на Телевизија 21

Поврзани вести

Back to top button