Живот

Пчелите изумираат ќе изумре и човекот?

Имидаклорпид и клотианидин, двата најкористени пестициди на компанијата Бајер КропСајенс (која од неодамна ја купи компанијата Монсанто), го содржат елементот неоникотиноид кој е поврзан со голем број на помор на пчели во Европските и државите на САД.

Меѓутоа, и покрај опасноста пврзана со употребата на овие хемикалии, пестицидите и понатаму редовно се користат и се продаваат.

Во однос на нивната големина, влијанието на пчелите на околината е речиси непоредлива. Имено, пчелите се најодговорни за опрашувањето на околу една шестина од цветовите на билните врсти ширум светот, и околу 400 различни видови на земјоделски билки.

Во 2010 година, пчелите помогнале да се осигура повеќе од 19 милијарди долари вредност во земјоделски култури во Америка.

Меѓутоа, без обзир на нивната очигледна важност во нашиот екосистем, пчелната популација забрзано опаѓа во последните неколку децении. Речиси 44% од пчелните заедници во САД загинале миатата година, соопшти амерканското министерство за земјоделство.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button