ЖивотЗдравјеИзбор на уредникот

Овој зеленчук драстично го намалува ризикот од рак и ја прочистува крвта

Руколата од неодамна стана позастапена во домашната кујна, а поради своите лековити својства, би требало почесто да се најде на вашето мени. За руколата многумина велат дека лекува, подмладува и ги топи килограмите – доволно причини за да стане вашиот омилен зеленчук.

Листот од рукола е исклучително богат со витамини, па затоа и сѐ повеќе луѓе ја одгледуваат. Не ѝ треба посебна нега, што е дополнителен плус. Добро поднесува високи температури и не бара премногу сончева светлина, а отпорна е на мразови и температури под нулата.

Руколата содржи високо ниво на фолна киселина и антиоксиданси, како што се витамините Ц, К и А, па затоа успешно се бори против слободни радикали. Полна е со каротеноид, како и со многу други минерали, како што се калиум, манган, железо и калциум, а сите тие се корисни и потребни елементи во човечката исхрана.

Руколата лекува многу болести, а најмногу се применува за лечење срце и како антиканцерогено средство. Таа претставува природен антибиотик, го регулира варењето, се користи за лекување чирови, хронични констипации, проблеми со кашлањето, настинки, остеопороза и слични заболувања.

Руколата е корисна бидејќи ја прочистува крвта, го поттикнува лекувањето на болести на црниот дроб и ја намалува можноста за појава на канцер, особено рак на дојка и на бели дробови.

Руколата има уште една многу важна примена, а тоа е слабеење и симнување вишок килограми. Се препорачува и за дијабетичари. Благодарение на нејзините својства, ги симнува дури и најупорните масни наслаги на стомакот.

Ако редовно јадете рукола, ќе ја подобрите состојбата на коските и на забите. Исто така, со внесување рукола во организмот, можете да ја подобрите крвната слика, да ги решите проблемите со високиот крвен притисок, шеќерот и варењето.

Руколата се користи во исхраната најчесто во форма на салата, сварена, но и испресувана и пасирана има многу убав вкус.

Поврзани вести

Back to top button