Овој отров ги уништува вашите коски: Многу луѓе го конзумираат барем еднаш дневно!
Секојдневно слушаме дека се околу нас е штетно. Но се повеќе станува застапен фактот дека младите, но и истарите имаат нездрава исхрана.
Во нездрава исхрана спаѓа брзата храна, чоколадо и газиран сок. Главен “отров“ е газираниот сок!
Во првите 10 минути
Десет лажици шеќер, колку што има во една лименка од 0.33, е 100 проценти повеќе од препорачаната дневна количина. Наместо да повратите од премногу благо, што веројатно ќе се случи доколку изедете 10 лажици шеќер, поради фосфорните киселини, внесената содржина успевате да ја задржите во системот.
По 20 минути
Нивото на шеќер во крвта расте, па вашиот црн дроб сите шеќери ги претвора во маснотии. Имајќи на ум дека сте внеле огромна количина на шеќер, црниот дроб има премногу работа во тие моменти.
По 40 минути
Телото веќе апсорбирало кофеин. Зениците се прошируваат, крвниот притисок се крева. Црниот дроб на ова реагира на тој начин што во крвотокот испраќа уште повеќе шеќер.
По 45 минути
Производството на допамин во телото двојно е зголемено, што го стимулира центарот за задоволство во мозокот. Хероинот и голем број на други дроги функционираат на истиот начин.
По 60 минути
Фосфорната киселина се врзува со калциум, магнезиум и цинк во долните делови од цревата. Ова предизвикува исфрлување на калциумот од телото.
Кога “забавата” оди кон крајот, вие чувствувате пад на шеќерот, и како резултат на тоа може да станете нервозни и агресивни.