Оваа едноставна животна промена може драстично да го намали високиот крвен притисок
Се обидувате да го намалите крвниот притисок? Секој ден седете помалку и би можеле да видите изненадувачки резултати, велат експертите. Минатиот месец во „JAMA Network Open“ беше објавена студија која опфатила 283 постари лица на возраст меѓу 60 и 89 години, кои биле поделени во две групи: интервентна и контролна група.
Членовите на контролната група биле вклучени во десет средби со тренер кој им помогнал да постават цели за поздрав живот. Членовите на интервентната група добиле стоечка работна маса и фитнес уред за следење кој ги потсетувал да прават паузи за време на долготрајното седење.
Се покажало дека интервентната група го намалила дневното време поминато во седечка положба за околу 32 минути, додека контролната група не доживеала никакви промени во количината на седење. Исто така, крвниот притисок на испитаниците од интервентната група бил намален, што сугерира дека само 30 минути помалку седење дневно може да го подобри кардиоваскуларното здравје.
Научниците заклучиле дека кај популациите со поголем ризик од кардиоваскуларни болести и поврзани здравствени исходи, малите промени во обрасците на седење се доволни за подобрување на нивниот крвен притисок.