Живот

Ова се тајните на луѓето кои секогаш имаат добро здравје

Сите знаете барем една личност која „пука од здравје“ додека сите околу неа се настинати и веројатно секогаш сте се прашувале како успева да остане здрава додека сите околу неа се поразени од грип?
Ако сакате секогаш да бидете здрави, треба што поскоро да ги промените вашите животни навики. Секој ден работете на зајакнување на вашиот имунитет и ќе видите дека потоа ретко ќе бидете болни.

Хранете се здраво

Исхраната базирајте ја на протеини, свежо овошје и зеленчук и житарки.

Земајте витамини

За жал, без разлика на тоа колку внимавате на вашата исхрана, од храната не можеме да ги извлечеме сите витамини и минерали. Затоа, нема да биде лошо ако недостатокот на витамини го дополните со суплементи во капсули или прав.

Спијте доволно

Секоја вечер треба да спиете минимум по седум часа. Ако ги „наполните батериите“, вашиот организам полесно ќе се бори со бактерии и вируси!

Избегнувајте го стресот

Стресот го убива имунитетот, поради тоа трудете се да не се нервирате, или барем да го „исфрлите“ надвор вашиот бес. Одете на трчање, пливање, танцување…

Вежбајте

За вашето здравје важно е да вежбате најмалку три пати неделно. Тоа не значи дека мора да одите на аеробик или во фитнес центар, туку можете и дома да одвоите еден час во денот и да направите вежби кои ќе го разбудат вашето тело.

Хигиената е клуч на сè

Често мијте ги вашите раце, како и просторот во кој престојувате за да спречите развој на бактерии и пренесување на истите во вашиот организам.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button