Ова мистериозно племе не се променило 55.000 години, и посетата овде би била смртоносна
Луѓето отсекогаш биле желни да истражуваат непознати земји и култури. Сепак, постои едно племе кое живее на изолиран остров кој никој не се осмелил или пак има право да го посети.
Островот Северен Сентинел, еден од Андаманските Острови во Индискиот Океан, е забранет за посетители, бидејќи е населен од непријателско племе Сентинел. Ова племе се противи на секакви контакти со надворешни лица и агресивно го напаѓа секој кој се осмелува да дојде во близина на нивниот остров. Сепак, посетата на ова место не е опасна само за љубопитните патници. Племето Сентинел не е имуно на модерните болести, па контактот со аутсајдерите би можел трагично да го избрише целото племе.
Индиската влада сакаше да оствари контакт со племето. Првиот и веројатно единствениот пријателски контакт бил остварен во 1991 година од страна на научникот Т.Н. Пандит, кој пристигнал на островот носејќи кокоси и други подароци, со надеж дека ќе ја добие довербата на племето. За прв пат племето ги поздрави посетителите без лакови и стрели.
Меѓутоа, веднаш по оваа експедиција, официјалните лица одлучија да ги сопрат сите други мисии. Тие заклучија дека племето е здраво и просперитетно без било каква интервенција на модерната цивилизација. Само неколку проверки беа направени по цунамито во 2004 година. По набљудувањето на племето од далечина, официјалните лица објавија дека племето е здраво и не страда на било каков начин.
Тешко е да се каже дали повторно ќе се воспостави контакт со ова мистериозно племе. Сега за сега, се чини дека е подобро никој да не се меша во постоењето и животот на племето.