Македонија

Ова е човекот кој спаси многу животи во невремето во скопско

Тетовецот Веле Богатиновски е јунакот од скопската обиколница кој со своето предупредување спаси многу лица да не настрадаат при невремето во скопско.

Веле Богатиновски, тетовец кој сега живее во Швајцарија, е јунакот по кој вечерва преку социјалните мрежи трагаше професорката од Институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева Улчар, пренесувајќи ја сторијата дека непознат човек ги спречил да возат по скопската обиколница предупредувајќи ги на голема опасност.

„Почитувани ФБ-пријатели, благодарение на вашите споделувања дојдов до нашиот херој од вчера. Се вика Веле Богатиновски. До пред две години живеел во Tетовско, а последниве две години во Швајцарија. Му се јавив на телефон. Ми ја раскажа својата животна приказна која ќе ја задржам за себе. Единствено нешто што можам да кажам за него (а што го дознав од телефонскиот разговор) е дека се работи за благороден човек, кој своето постоење го сфаќа како мисија за помош и за доброто на секој човек, независно од вера, пол и политичко убедување. Не сака никаков публицитет што е уште една потврда за НЕГОВАТА ГОЛЕМИНА! Нека го следат само добрини во неговата мисија! На сите вас, уште еднаш многу ви благодарам!“, напиша д-р Елка Јачева-Улчар на Фејсбук.

Поврзани вести

Back to top button