UncategorizedСвет

Ова е човекот кој ги оргнизираше џихадистичките челии на Балканот

Босанецот Мирсад Бекташевиќ, еден од двајцата приведни џихадисти во Грција, имал водечка улога во организирањето џихадистички ќелии на Балканот и во Европа, пишува денеска грчкиот весник „Етнос“.

mirsad

Бекташевиќ, на 28 јанаури бил приведен во грчкиот град Александропулос, заедно со еден јеменски државјанин, но информацијата за нивното апсење беше лиферувана дури за време на викендот.

Според досега достапните информации, двајцата уапсени, кои имале шведски пасоши, во Грција пристигнале со авион и планирале прво со автобус да заминат за Турција, а оттаму за Сирија.

Босанецот, без никакви непријатности, повеќепати одел за Сирија и оттаму социјалните мрежи ги „преплавувал“ со закани со колење за сите „неверници“. Тоа се случувало и покрај тоа што бил следен од европските служби заради своето терористико минато, (имал 14-годишна затворска казна и врски со Ал Каеда), пишува уште весникот.

Бекташевиќ, познат под  псевдонимот Максимус,  во Шведска се наоѓал на список од 20 лица, за кои службите имале сознанија дека се опасни и дека преземаат терористичка активност.

Максимус и јеменскиот државјанин биле приведени по случајна проверка на грчката полиција на границата, и покрај тоа што не биле сомнителни. Во нивниот багаж биле најдени два ловечки ножа, воено оружје, заштитен елек, голема сума пари и два мобилни телефона. Полицијата веднаш ја информирала Националната разузнавачка агенција (ЕИП)

Обвинителството во Александруполис покренало обвиненија против двајцата заради незаконско поседување оружје.

Шведските тајни служби Бекташевиќ го опишувале како „човек со психолошки проблеми и тешкотии во социјализацијата, кој од мал симпатизирал терористички организации“.

Поврзани вести

Back to top button