Откриена нова планета погодна за живот
Пред 101 година, шкотскиот астроном Роберт Инес го набљудувал групирањето на ѕвездите во близина на Јужниот Крст, дефинирачката карактеристика на ноќното небо над Јоханесбург. Тој бил во потрага по малиот придружник на Алфа Кентаури, нашиот најблизок соседен ѕвезден систем.
На фотографиите забележал движење на мала ѕвезда која била поблиску до Сонцето отколку до Алфа системот. Инес ја нарекол Проксима Кентаури, користејќи го латинскиот збор за „најблиску“.
Иако гравитацијата ја поврза ѕвездата со системот Алфа Кентаури, науката ја поврза со нашиот Сончев систем. Денес, оваа врска ќе стане и тоа како посилна, со оглед на тоа што меѓународниот тим на астрономи објави дека оваа најблиска ѕвезда е домаќин на екстрасоларна планета, која е многу слична со Земјата.
Засега, планетата неофицијално се вика Проксима Кентаури б. Она што се знае за неа е дека е околу 1.3 пати поголема од нашата планета, и врз основа на нејзината големина, астрономите мислат дека е карпеста. Нејзината матична ѕвезда е само 15% светла колку Сонцето, такашто планетата не е толку изгорена, со оглед на тесната орбита.
„Се наоѓа во истата позиција во зоната погодна за живот на Проксима како што се наоѓа Земјата во зоната погодна за живот околу Сонцето“, вели Џејмс Кастинг, астроном од Државниот универзитет во Пенсилванија кој не бил вклучен во откритието.
Набљудувана од површината на планетата, Проксима Кентаури е темно црвена, а атмосферата на планетата, доколку ја има, би му далa на небото мешавина од пурпурна и портокалова боја наместо сина. Ако растенијата би ја колонизираат нејзината површина, листовите би можеле да бидат црвени наместо зелени. Откривачите на планетата ја нарекле „Бледа црвена точка“.
Иако оваа биографска скица е интригантна, научниците предупредуваат дека не знаат со сигурност како изгледа планетата.
„Во моментот, немаме идеја каква е планетата. Дали има магнетно поле со кое се штити? Дали има атмосфера? Воопшто не знаеме“, вели Џејмс Џенкинс од Универзитетот во Чиле.
Сепак, истражувањата на стотина други далечни светови би можеле да им помогнат на научниците да направат некакви претпоставки. Ако e брановидно „заклучена“ како што е Месечината, тогаш огромните разлики во температурите дење и ноќе може да предизвикаат потешкотии при одржувањето на течна вода околу целата планета. Возможно е водата да тече во круг околу дневната страна на планетата; ако е така, екстра масата може да ја истегне планетата во овална форма. Но, исто така возможно е дебелата атмосфера или длабоките океани да дистрибуираат топлина низ целиот свет.
Присуството на вода и атмосфера зависи од историјата на планетата, а ова е нешто што научниците се’уште не го знаат. Научниците не се согласуваат за возраста на ѕвездата, но претпоставуваат дека е околу 4.3 милијарди години стара, неколку милениуми помлада од Сонцето и Земјата.
Дали би можел да се појави живот во тој временски период? Луѓето кои се живи денес можеби ќе доживеат да го дознаат одговорот на ова прашање. Во следните две децении, ќе се изгради нова класа на огромни телескопи на врвот на планините, каде ќе започнат да впиваат ѕвездена светлина. Опсерваториите како Европскиот екстремно голем телескоп и 30 метарскиот телескоп ќе можат да анализираат и да ја издвојат ѕвездената светлина која поминува низ него за да пронајдат хемиски знаци на живот.
И покрај името, Проксима Кентаури не е во непосредна близина. Taa e оддалечена околу 40 трилиони километри, и 270.000 пати подалеку од Сонцето. Светлината патува со брзина од 300.000 километри во секунда, меѓутоа сепак ѝ се потребни 8 минути да го помине растојанието од Сонцето до Земјата. Меѓутоа во космичка смисла, оваа ѕвезда е веднаш до Земјата, што значи таа е нашиот сосед.
Голем број на инструменти, вклучувајќи го и Кеплер на НАСА се користат за да се докаже дека повеќето ѕвезди имаат планети, а статистичките анализи сугерираат дека 80% од нив веројатно се погодни за живот. Меѓутоа без повеќето од овие ѕвезди се премногу далеку за луѓето да стигнат до нив, дури и со роботски сонди.
Со цел да ја пронајдат оваа планета, Проксима тимот искористил радијална брзина односно метод со кој се открива слабо спектрална промена предизвикана од гравитацијата на планетата.
„Кога започнавме да ја набљудуваме Проксима, постоеја само неколку познати егзопланети. Сега живееме во сосема поинакво време“, вели Мајк Ендл, астроном на Универзитетот во Тексас кој започнал да ја проучува Проксима во 2000 година, а неговите податоци беа едни од клучните за докажување дека планетата постои.
„Никогаш не помислив дека би можело да биде возможно“, вели тој. Сега смета дека Проксима има неколку планети кои се вредни за посета.
Научниците откриле и втор сигнал, меѓутоа не можат со сигурност да кажат дали станува збор за планета. „Малите ѕвезди доаѓаат во пакет со планетите, такашто тоа не’ мотивира да го продлабочиме истражувањето“, вели тој.
Со векови, а можеби и милениуми, научниците се прашувале дали другите ѕвезди биле домаќини на планети. Меѓутоа, дури во 1995 година беше пронајдена една, па уште 20 години за да се пронајдат неколку. Во извесна смисла, ова е огромно откритие.
Посетата на Проксима планетата со сонда или пак со испраќање на астроном, ге биде мулти-генерациски напор. Децении од сега, научниците ќе го сметаат откривањето на Проксима Кентаури б како пресвртна точка преку која се трансформира начинот на кој ги гледаме ѕвездите – тие ќе станат дестинација и ќе ни ја покажат иднината за која сега само сонуваме.