Откриена која е најчесто користена лозинка во 2023 година: Дали е вашата меѓу нив?
Откриена е најчестата лозинка за 2023 година, која е многу лесно да се погоди, што им олеснува на хакерите да упаднат во вашата сметка. Експертите за безбедност секогаш предупредуваат дека треба да бидеме многу внимателни при изборот на лозинки и дека треба да смислиме покомплицирана, за хакерите да не упаднат во нашите сметки, но многумина, сепак, користат едноставни зборови или комбинации на бројки.
Повеќе од 4,5 милиони луѓе сè уште користат „лозинка“ за својата лозинка, што ја прави најкористена лозинка во 2023 година. „123456“ е втората најпопуларна лозинка во светот и прва во Велика Британија, со „123456789“ на третото место.
Ако хакерите добијат пристап до вашите сметки, последиците може да бидат огромни. Силните лозинки се важни за вашата онлајн безбедност, а тие нема да ви помогнат.
Истражувањето е спроведено од NordPass, сервисот за управување со лозинка на NordVPN, чии експерти за сајбер безбедност ги проучувале лозинките собрани од јавно достапни извори – вклучително и темната мрежа, каде што ги пронаоѓаат сајбер (кибернетички) – криминалците.
Интересно е дека аналитичарите открија дека луѓето имаат тенденција да користат силни лозинки за сметки за е-пошта и социјалните медиуми. Стариот трик за замена на буквите со броеви на симболи исто така не е толку безбеден како некогаш, па оние што користат ‘P@ssw0rd’ можеби ќе сакаат да го ажурираат.
Најчестите лозинки во 2023 година во Британија
Оваа недела беше објавена листата на најчести лозинки во 2023 година.
– 123456
– password
– qwerty
– liverpool
– 123456789
– arsenal
– 12345678
– 12345
– abc123
– Chelsea
– qwerty123
– football
– dragon
– password1
– cheese
– letmein
– 1q2w3e4r
– monkey
– killer
– rangers