Откриен метод за лекување на рак кој уништува 99 отсто од канцерогените клетки
Американските научници од Универзитетот „Рајс“, Универзитетот „“АМ“ во Тексас и Универзитетот во Тексас идентификуваа нов метод за борба против клетките на ракот. Користејќи блиска инфрацрвена светлина за стимулирање на молекулите на аминоцијанин, научниците предизвикаа синхронизирани вибрации, ефикасно пробивајќи ги мембраните на клетките на ракот, пишува „Саенс алерт“.
Молекулите на аминоцијанин, кои вообичаено се користат во био-слики, се покажаа како исклучителни по нивната стабилност во вода и способноста да се прилепуваат кон надворешноста на клетките, особено корисни за откривање на рак при ниски дози.
– Тие се повеќе од милион пати побрзи во нивното механичко движење од старите Феринг мотори (ротирачки молекуларен мотор со хемиски погон) и можат да се активираат со блиска инфрацрвена светлина, наместо со видлива светлина, објаснува хемичарот Џејмс Тур, опишувајќи ја иновацијата како новаата ера на молекуларните машини.
Употребата на блиска инфрацрвена светлина е важна бидејќи овозможува пенетрација длабоко во телото, потенцијално олеснувајќи го нехируршкиот третман на ракот во коските и органите.
Во експериментите на култивирани клетки на ракот, техниката на молекуларен чекан покажа извонредна стапка на успех од 99 отсто во уништувањето на канцерогените клетки. Експериментите на глувци со тумори на меланом резултираа со половина од испитаниците да се излечат од нивниот рак. Истражувањето поврзано овој експеримент беше објавено во списанието „Нејчр кемистри“.
Ова е првпат молекуларен плазмон да се користи на овој начин, за да се возбуди цела молекула и всушност да произведе механичко дејство кое се користи за да се постигне одредена цел во овој случај, кинење на мембраната на клетките на ракот, вели хемичарот Цицерон Ајала-Орозко.
Синхронизираните вибрации, кои се активираат од плазмоните формирани од електроните во движење внатре во молекулата, ефикасно се поврзуваат со мембраните на клетките на ракот, по што ги разградуваат.
И покрај тоа што е во рана фаза, откритието ветува директен, биомеханички пристап кој би можел да ги предизвика клетките на ракот да развијат отпорност. Научниците сега истражуваат други молекули со сличен потенцијал.