Живот
Опасна измама повторно се шири на Фејсбук – Доколку ви се појави ова, веднаш исклучете се!
На Фејсбук во последно време се шири вистинска опасност. Станува збор за измама за која корисниците дознаваат многу касно.
Имено, додека го користите Фејсбук “од никаде” на почетната страна ќе ви се појави ГИФ кој можеби ќе ве заинтересира, но кога ќе кликнете да го отворите не добивате никаква рекација, туку ви се отвара ново прозорче каде се бара вашиот е-маил и лозинка. Она што е посебно збунувачко е тоа што страницата за логирање изгледа идентично со “лог страницата” на Фејсбук.
Секако, вие ќе помислите дека случајно сте се исклучиле од Фејсбук и ќе ги внесете е-маилот и лозинката, а измамничкиот сајт ќе ги собере вашите податоци.