„Огнена точка“: Езеро во кое молњите удираат речиси секој ден

Објавено: петок, 18 декември 2015 во 17:19
Spread the love

Народната поговорка дека гром никогаш не удира два пати во исто место изгледа не важи секогаш.

ezero

Новото истражување презентирано на неодамнешниот состанок на Американската геофизичка унија покажува дека една точка во Венецуела е необјасниво привлечна за молњите.

Станува збор за езеро, кое е погодено од молња барем еднаш дури 297 денови годишно. Езерото се вика Маракаибо и е особено познато по своите необични електрични активности. Сепак истражувањето, кое го презентираше Рахел Албрехт од Универзитетот во Сао Паоло укажува на конкретна точка, која ги привлекува најголемиот број удари.

Благодарение на сателитит ТРММ (Tropical Rainfall Measuring Mission) Албрехт упеал да ја одреди локацијата на ударите на молњите, користејќи ги податоците во периодот меѓу 1998 и 2013 година.

Заклучено е дека молњите најмногу ги привлекува место на устието на реката Кататумбо во самото езеро Маракаибо.

Причините за овој природен феномен најмногу се припишуваат на топографската композиција на подрачјето. Езерото е сместено во близина на Андите и Карипското Море, поради што е под влијание на топлиот океански воздух и судените планински ветрови. Споменатите влијанија често создаваат бури со силни електрични празнења.

Езерото е толку привлечно за молњите, така што еднаш се забележани други 28 удари во речиси 60 секунди.

Друга локација на Земјата, која предизвикува често празнење на електричниот набој во атмосферата е и селото Кифука во Конго.