Оџата од Чаир осуден на 7 години затвор

Објавено: петок, 25 март 2016 во 12:35
Spread the love

Шестмината обвинети во случајот “”Ќелија” денеска ја добија својата казна. Судот пресече 5 години затвор, додека еден од обвинетите беше осуден на 7 години казна затвор. Како што јавува Телма, првобвинетиот во случајот, оџата од чаир Мемиши Реџеп е осуден на најголема затворска казна за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во Сирија.

Останатите 5-мина биле дел од групата која учествувале во логистика и организирање на војниците за борба во Сирија, додека Судот ќе одлучува и за уште пет лица кои не признаваат вина.

За потсетување, антитерористичката акција „Ќелија“ се одвиваше во повеќе градови низ Македонија. Акцијата беше насочена кон припадници на фундаменталистичка група која рерутирала борци од земјава за воените боишта во Сирија и во Ирак. Најголем дел од приведените во оваа акција се повратници од овие воени жаришта и лица кои учествувале во паравоени формации.