Избор на уредникотСвет

„Одговорот ќе биде жесток“, Путин ја обвини Украина за нуклеарен тероризам

Рускиот претседател Владимир Путин ги информирал членовите на рускиот Совет за безбедност за истрагата за експлозијата на мостот на Крим. Тоа е терористички напад чија цел е да се уништи цивилната инфраструктура, вели тој.

Претседателот на Русија ги обвинил украинските власти за акти на нуклеарен тероризам.

Путин рекол и дека на Русија не ѝ е дозволено да учествува во истрагата поврзана со експлозиите на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“, пренесуваат руските медиуми.

Украина се обидела да го крене во воздух „Турски тек“, изјавил рускиот лидер на седницата.

Според него, Службата за безбедност на Украина извршила три терористички напади врз нуклеарната централа Курск.

„Во случај на понатамошни обиди за организирање терористички напади на територијата на Русија, одговорите ќе бидат жестоки и ќе одговараат на нивото на заканите“, изјавил рускиот претседател.

Путин се огласи откако Русите извршија жесток напад врз украинските градови, вклучувајќи го и Киев. Во овие напади има жртви и причинета е голема штета.

Поврзани вести

Back to top button