Одгледувајте вакви кокошки и заработете 2.500 долари по парче!
Вредноста на овие кокошки е околу 2.500 долари. Одамна се хит во Индонезија, а потполно се црни, од пердувите до месото.
Црната боја не е невообичаена за птиците, но овој вид кокошки „Ayam Cemani“ посебно се издвојува: тие се црни и однадвор и одвнатре. Нивните пердуви се црни, нивниот клун, канџите, па дури и месото, коските и сите внатрешни органи. Единствено нивната крв не е црна, но е потемна, пренесе Србија Данас.
Што значи „Ayam Cemani“?
Зборот „Ayam“ значи „пиле“ во Индонезија, а „Cemani“ во превод значи „потполно црно“. Ова необично животно потекнува од Јава во Индонезија, а во Европа големо внимание привлекло дури 1998 година, кога за прв пат било донесено.
„Ayam Cemani“, исто така, е една од најскапите кокошки на светот – само една црна кокошка чини и до 2.500 долари.