ФОТО: Погледнете како изгледа кога ќе истурите топол чај на -40

Објавено: четврток, 24 декември 2015 во 21:38
Spread the love

Канадскиот фотограф Мајкл Дејвис ја сподели на социјалните мрежи неговата најнова фотографија. Неа Дејвис ја сними во „Pangnirtung“, градот во артичкиот круг на Канада, но самиот момент во кој е снимена фотографијата е импресивен колку и околината во која е снимена.


Од фотографијата може да се забележи неговиот пријател Маркус како на снегот и на температура од -40 степени Целзиусови истура топол чај од термос. Фотографијата била снимена околу 1 часот попладне, кога и може да се забележи периодот од околу 2 часа сончева светлина во овој дел од Канада.