Обвинетиот од „Монструм“ е во Приштина, косовската полиција му ја знае адресата
Мојот брат е во Косово, комуницирав со него преку вибер, рече на денешното рочиште за случајот Монструм обвинетиот Агим Исмаиловиќ. На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи која е точната адреса и каде точно се наоѓа неговиот брат Африм Исмаиловиќ, обвинет во оваа постапка кој се бара по потерница, Агим рече дека тој живее во Приштина, дека адресата не ја знае, но дека косовската полиција има точни податоци и многу добро знае каде живеат и неговито брат Африм како и обвинетиот бегалец Алил Демири, по кого исто така е распишана е меѓународна потерница.
Прашањето околу точната локација на двајцата бегалци на обвинителката Фетаи ја налутија одбраната на обвинетите кои жестоко реагираа во судница зошто обвинителката поставува прашања за обвинети лица за кои има потерница и кои ги бара македонската полциија. На ова се спротивставија и судот и обвинителката кои беа децидни дека овде во судница сите се дојдени за да се утврди вистината.