Свет

Нови сексуални напади врз жени во Германија

За време на музичкиот фестивал што викендот се одржал во германскиот град Дармштад 18 жени пријавиле дека биле сексуално нападнати. Тројца бегалци од Пакистан се уапсени веднаш откако жените ги пријавиле нападите. Тие тврдат дека слично на новогодишните напади во Келн биле заобиколени и потоа сексуално вознемирувани и допирани од страна на луѓе кои што имаат потекло од Јужба Азија.

„За жал неколку жени биле сексуално вознемирувани во Сабот, кога подиумот за танцување на фестивалот бил преполн со луѓе“, вели полицијата во изјава која што ја пренесуваат германските медиуми.

По брзата интервенција на полицијата биле уапсени тројца пакистански азиланти на возраст од 28 до 31 година, но полицијата се сомнева дека напаѓачите биле побројни. По апсењата уште 15 други жени пријавиле дека биле цел на сексуален напад за време на фестивалот. Сите напади се одвивале по веќе познатата формула, жените најпрвин се обиколуваат од група мажи по што сексуално се вознемираат.

Инцидентите во Дармштад се случуваат две недели откако во Берлин за време на уличен фестивал група од 10 луѓе сексуално нападнале две тинејџерки. Полицијата тогаш уапси тројца малолетници од кои двајца се Турци на возраст од 14 до 17 години кои и предходно и биле познати на полицијата.

Германската полиција беше остро критикувана за лоша реакција при новогодишните напади на жени во Келн и други германски градови кога над 1000 жени беа сексуално нападнати а инцидентите станаа дел од политичката дебата во која што крајната десница се обидува да прикаже дека приливот на бегалци е причина за зголеменото ниво на криминал во Германија.

Поврзани вести

Back to top button