Нови морничави детали од страшното силување на 11-годишното девојче, ова се силувачите
Целата балканска јавност е згрозена од монструозното злосторство во кое жртва е дете, кое беше групно силувано седум часа од петмина. Се протестираше и во Скопје и во Приштина, а во медиумите веќе има детали за страшниот настан.
Организаторите на протестот порачаа дека денеска протестираат против насилството што се случува, и порачаа до институциите да преземат мерки со цел спречување на слични дела во иднина. Тие велат дека „секој од нас е потенцијална жртва и токму затоа треба преку солидарност, едукација и поддршка сите да се едуцираат и информираат“.
Екрем Р.(26) и неговиот брат Г.Р се уапсени под сомнение дека седум часа силувале девојче (11) во Приштина. (16) , а претходно се приведени и Г.Ј., Џ.С, како и Ш.К. На Инстаграм страната „feminsm.ks“ детално е опишан хоророт што го доживеало несреќното дете.
Злосторството започнало во паркот кога најстариот од силувачите му пришол на девојчето. „Единаесетгодишно девојче било во парк во Приштина кога Е.Р.(26) и пришол и рекол: „Душо, ми се допаѓаш“, набргу потоа ја допрел по стомакот и грбот. Ја ставил во непријатна ситуација, но не можело да реагира бидејќи насилникот и ја ставил раката преку уста за да молчи“, наведуваат на страницата на Инстаграм и додаваат: „Таму бил и неговиот помал брат. Го соблекле девојчето, а прв Е.Р. ја силувал, бруталното силување го продолжил неговиот помлад брат Г.Р. Но, и тоа не им било доволно, па набрзо им се придружиле и тројца пријатели и ја силувале еден по еден“, наведуваат на споменатата страница на Инстаграм.