Избор на уредникотМакедонија

Нови „бомби“ за ДУИ и Мијалков од Чикаго

На социјалната мрежа Фејсбук денеска беа објавени шест нови нелегално прислушувани разговори, од групата на т.н. „бомби“.

Пет од објавените разговори се на албански јазик, а објавувачот тврди дека наводно зборуваат политичарите од ДУИ, Блерим Беџети, Муса Џафери и Бекир Асани.

„Ова е само почеток на објавување на некои прислушувани разговори во кои се вклучени Али Ахмети и Муса Џафери“, напишал објавувачот, додавајќи дека „кумановската група“, мислејќи на осудените за Диво Насеље, поседува уште разговори, кои ќе бидат објавени, барајќи меѓународна истрага за случајот, за наводно да се открие улогата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Една од „бомбите“ е на македонски јазик, а наводно поранешните високи полициски функционери Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков разговараат за тогашниот заменик-министер во МВР Блерим Беџети, кој барал да се казнат припадници на полициската единица „Алфи“, бидејќи според него се однесувале грубо при рацијата во тогашната дискотека „Шери“.

Според Мијалков и Јанкулоска, „алфите“ коректно си ја завршиле работата и при претресот пронашле пиштол, кај извесен Шеваљ, кој седел на иста маса со Беџети.

Фејсбук профилот „Ел Чека“ (El Cheka) на објавувачот на „бомбите“ не е анонимен, има над 2.747 пријатели.

Дел од нелегално прислушуваните материјали веќе е отстранет.

На социјалната мрежа Фејсбук денеска беа објавени шест нови нелегално прислушувани разговори, од групата на т.н. „бомби“.

Од МВР велат дека е утврдено е кој стои зад профилот на „Фејсбук“ на кој беа објавени прислушуваните разговори

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот со пласирањето на снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа Фејсбук.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот со пласирањето на снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа Фејсбук. Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста.

Поврзани вести

Back to top button